Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2011

Зимбабве предупредува: Натпреварот Либерија – Мали ќе биде наместен

Фудбалскиот сојуз на Зимбабве ја извести ФИФА дека се сомнева во регуларноста на претстојниот натпревар меѓу Либерија и Мали во квалификациите за Купот на африканските нации.

ФИФА доби писмо во кое фудбалските власти на Зимбабве ја искажуваат својата загриженост дека вечерниот дуел на нивните ривали од групата А ќе биде наместен. На писмото му претходеа пишувањата на медиумите во Либерија дека Мали ќе победи и ќе се квалификува, а Зимбабве нема да избори место на африканскиот Куп на нации.
Либерија, без оглед на резултатот, нема никакви шанси за пласман, што само го засилува сомнежот на Зимбабве дека сè ќе биде регуларно.
Во последните натпревари во групата А, Зимбабве денеска игра во исто време против Зелено ‘ртските острови. ФИФА и Африканската фудбалска конфедерација го потврдија приемот на официјалниот приговор и соопштија дека во заедничка соработка ќе проценат дали тврдењета за местење на натпреварот се вистинити.

Најнови вести