Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2015

Освалдо ќе го замени Мартинез во Порто

Италијанскиот репрезентативец Даниел Пабло Освалдо кариерата ќе ја продолжи во Порто, објави вицешампионот на Португалија.

Освалдо во Порто официјално доаѓа од Саутхемптон, откако претходната полусезона ја помина на заем во Бока јуниорс.
Овој 29-годишен напаѓач во новиот клуб ќе го носи дресот со број десет и ќе се обиде да го замени минатогодишниот најдобар стрелец на лигата Џексон Мартинез, кој неодамна направи трансфер во Атлетико.
Освалдо е роден во Аргентина, но избра да игра за репрезентацијата на Италија.
Тој кариерата ја почна во Уракан, а потоа играше за: Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Јувентус и Интер.
За „аѕурите“ одигра 14 натпревари и постигна четири гола.

Најнови вести