Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2015

Абу Дијаби продолжува во Марсеј

Фудбалскиот клуб Марсеј потврди дека договорил соработка со Абу Дијаби кој доаѓа како слободен играч.

Дијаби го напушти Арсенал по завршената сезона по многуте проблеми со повреди во текот на деветте години во клубот.
Нему договор му понудил Вест Бромич, но не сакал да остане во Премиер лигата и се враќа во Франција.
„Марсеј и Абу Дијаби вчера договорија соработка “, стои во соопштението на клубот.
Дијаби има 29 години и наводно потпишал договор според кој ќе биде платен онолку колку што ќе игра, бидејќи во претходните две години одигра само два натпревари.
Кариерата ја почна во Оксер, а во Арсенал стигна во 2006 година.

Најнови вести