Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2015

Џексон Мартинез сепак во Атлетико Мадрид

Џексон Мартинез, досегашниот напаѓач на Порто, од наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид, пишува „Марка“.

Диего Симеоне, тренерот на „јорганџиите“, долго време го сакаше Мартинез, потоа вниманието го сврти кон својот сонародник Тевес, но тој ја одби понудата на Атлетико.
Потоа, претседателите на клубовите, Мигел Анхел Хил и Пинто да Коста се договориле за трансферот вреден 35 милиони евра, втор најскап во историјата на Атлетико од Мадрид.
Мартинез има 28 години, во Порто беше од 2012 година и јасно стави до знаење дека трансферот во Атлетико е негова желба.

Најнови вести