Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2015

Шалке го отпушти Роберто ди Матео

Италијанскиот стручњак Роберто ди Матео веќе не е тренер на Шалке, одлучи управата на клубот од Гелзенкирхен.

Поради многу лошата форма на екипата во последните неколку месеци, управата на клубот одлучи наредната сезона да не му даде шанса на Роберто ди Матео, некогашниот шампион на Европа со Челзи.
Како што се наведува во соопштението, атмосферата во Шалке не е добра, посебно последниот месец, а клубот претходно го отпушти и Кевин-Принс Боатенг, како и Сидни Сам поради лошите игри.
Шалке сезоната ја заврши на шестото место со 48 бодови, па наредната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.

Најнови вести