Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2017

Кевин-Принс Боатенг го продолжува номадскиот живот

Кевин-Принс Боатенг, досегашниот фудбалер на Лас Палмас, вчера го раскина договорот со шпанскиот клуб од приватни причини.

Боатенг одлуката да си замине од Лас Палмас ја донесе по помалку од три месеци откако потпиша нов, тригодишен договор.
Како што се наведува во соопштението на Лас Палмас, Боатенг кариерата ќе ја продолжи во клуб кој ќе му овозможи да биде поблиску до семејството.
Во текот на вчерашниот ден се одржа прес-конференција на која Боатенг, во друштво на претседателот на клубот, се збогува од навивачите.
Клубот од Канарските Острови му посака на Боатенг, Германецот по потекло од Гана, успех во продолжението на кариерата и му се заблагодари за одличната сезона во Лас Палмас.
Некогашниот фудбалер на Тотенхем, Портсмут и Милан минатата сезона одигра 28 натпревари во дресот на Лас Палмас и постигна десет гола.

Најнови вести