Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2015

Селекторот на Ерменија поднесе оставка

Швајцарскиот тренер Бернар Каландес поднесе оставка на местото селектор на репрезентацијата на Ерменија.

Ерменците завчера беа поразени во Албанија со 2-1 по пресврт, па по четири одиграни натпревари во групата И од квалификациите за Европското првенство, го делат последното место со Србија само со еден бод.
„Во Ерменија дојдов пред една година и целта беше да се пласираме на Европското првенство. Тоа беше голем предизвик за мене. Тоа е јасно споменато во договорот, дека ќе освојуваме бодови или ќе си одам. Затоа, според мое мислење, сè е јасно“, изјави Каландес.
Ерменија единствениот бод во квалификациите го освои токму против Србија, кој изедначи пред крајот на натпреварот во Ереван.
Ерменците во првиот натпревар од групата беа поразени од Данска со 2-1, а потоа и од Португалија со минимален резултат.
Во следниот натпревар Ерменија го дочекува тимот кој го предводи најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.

Најнови вести