Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Бихел не е семоќен, Барсегјан со гол го „реши“ Лихтенштајн

Вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан не дозволи сензација против Лихтенштајн и со победнички гол за 2-1 ѝ донесе очекувана победа на Ерменија

Најдобриот стрелец на Вардар, Тигран Барсегјан спречи голема сензација на стартот од натпреварите во нашата група во Лигата на нациите и со победнички гол во 76-тата минута ѝ донесе стартни три бода на Ерменија. Голманот на Лихтенштајн, Бењамин Бихел бранеше чудесно добро, му одбрани и пенал на Мхитарјан при резултат 1-1, но аутсајдерот го урна Барсегјан. 
Ерменците поведоа со голот на Пицели по половина час игра, а само 180 секунди подоцна, Волфингер израмни. Ерменците постојано напаѓаа, имаа шанса и од пенал да поведат, но играчот на Арсенал Хенрих Мхитарјан не беше прецизен. Бихел му го одбрани ударот од белата точка во 69-тата минута, но Барсегјан со погодок 7 минути подоцна ги постави работите на свое место. Ова беше прв меч од нашата четврта група во Сегментот Д во Лигата на нациите, а вечерва и Македонија ќе го игра стартниот меч, против Гибралтар од 20.45 часот.

 

Најнови вести