Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Ерменија со Мхитарјан, нападот ќе го предводи Барсегјан

Минасјан ги одбра 24-цата фудбалери кои ќе се соочат со нашата репрезентација во Лигата на нациите

Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација, Вардан Минасјан, го соопшти списокот од 24-цата фудбалери кои ќе играат против Македонија и Лихтенштајн во Лигата на нации.

Неспорно, најголема ѕвезда во селекцијата е фудбалерот на Арсенал, Хенрих Мхитаријан, додека „црвено-жолтите“ ќе се соочат со еден познаник на македонскиот фудбал, напаѓачот на Вардар, Тигран Барсегјан. Во изборот на ерменскиот селектор отпадна поранешниот играч на вардарци, Ховханес Хамбарџумјан, а нема да играат и Јура Мовсисјан и Гаел Анонијан, додека повредени се Ховханисјан, Коријан, Бабајан и Аветисјан.

ГОЛМАНИ: Арсен Бегларјан (Лиепаја), Арам Хајрапетјан (Банантс), Анатолиј Аивазов (Банантс).

ОДБРАНА: Вараздат Харојан (Урал), Арарат Монро (Бојачи Чико, Колумбија), Андре Шалишер (Гетеборг), Храир Мкојан (Алашкерт), Артак Једигарјан (Алашкерт), Армен Манучаријан (Пјуник), Тарон Восканијан (Алашкерт).

СРЕДЕН РЕД: Иван Јаган (Еупен), Геворг Газарјан (Чавеш, Португалија), Хенрик Мхитарјан (Арсенал), Маркос Пицели (Актобе), Едгар Малакјан (Житису), Арас Озбилис (Вилем II), Карлсен Мкрчјан (Пјуник), Гор Малакјан (Арарат), Алик Аракелјан (Пјуник), Ерик Варданјан (Пјуник), Руманиан Ховсепјан (Пјуник).

НАПАД: Саргис Адамјан (Регенсбург), Артур Саркисов (Јенисеј), Тигран Барсегјан (Вардар).

Најнови вести