Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Минасјан не ги игра „странците“, Монрој и Бријаско нема да настапат против Македонија

Селекторот на Ерменија одлучи да не ги повика двата големи адути за мечевите против Лихтенштајн и Македонија, па Жорди Монрој и Норберто Бријаско не се во составот за стартните мечеви во Лигата на нациите

Жорди  Монрој, кој е роден во Колумбија, и Норберто Бријаско, родум од Аргентина, не се најдоа на списокот на селекторот на Ерменија, Вардан Минасјан за стартните мечеви во Лигата на нациите против Лихтенштајн и Македонија.
Денеска јужноамериканскиот тандем не е во составот на Ерменците против Лихтенштајн, а ако не се случи некакво чудо, нема да патуваат ниту за Скопје, на дуелот со нашата репрезентација на 9-ти септември.
Ваквата одлука на Минасјан е по малку и чудна, особено ако се знае дека Ерменската фудбалска федерација силно притискаше Монрој и Бријаско да добијат државјанство за да можат да играат за Ерменија.
Монрој игра во колумбиската лига за Бојака Чико, а Бријаско е член на аргентинскиот прволигаш Уракан. 

 

Најнови вести