Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2011

Ирска на клучниот меч без Роби Кин

Ирците утре, на свој терен, ќе ја дочекаат Ерменија во клучниот натпревар во квалификациите за пласман на Евро 2012 без својот најдобар стрелец Роби Кин.

Сè уште постои шанса, но многу мала, Ирска да биде најдобра во својата група. Во тој случај Ирска мора да ја победи Ерменија, но и Русија мора да киксне дома против Андора, што е, речиси невозможно. Меѓутоа, Ирска останува во надеж дека како второпласирана екипа на табелата ќе биде успешна во дополнителните квалификации, а за второто место не смее да изгуби на споменатиот натпревар со Ерменија, едно од најпријатните изненадувања во квалификациите. Моментно Ирска има еден бод повеќе од Ерменците.
Утре Ирска ќе мора да ја одигра без Роби Кин, веќе многу години по ред најдобриот играч и стрелец на екипата откако во петокот на натпреварот против Андора го повреди адукторот. Селекторот Џовани Трапатони изјави дека не постои никаква шанса играчот на Лос Анџелес галакси да закрепне во рок од три дена.

Најнови вести