Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2015

Дијара нов играч на Дортмунд

Некогашниот француски репрезентативец Ласана Дијара кариерата ќе ја продолжи во Борусија од Дортмунд, пренесува германскиот „Билд“.

Дваесет и деветгодишниот Дијара, поранешниот член на Реал Мадрид, Челзи и Арсенал, во Борусија доаѓа како слободен играч, откако летоска го раскина договорот со Локомотив од Москва.
На тимот на Јирген Клоп во неочекуваната борба за опстанок во Бундеслигата итно му е потребен играч за врска од задниот ред, бидејќи капитенот Себастијан Кел поради повреда еден месец ќе биде надвор од теренот.
Дијара настапуваше и за Авр, Портсмут и за Анжи, додека за репрезентацијата на Франција одигра 28 натпревари.
Најмногу успеси имаше во дресот на Реал, во кого помина четири сезони и ја освои титулата во Примера дивизион, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.
Во дресот на Челзи ги освои ФА купот и Лига купот, а ФА купот го освои и со Портсмут.

Најнови вести