Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2014

Базел против Валенсија без навивачи

Европската фудбалска унија го казни швајцарскиот шампион Базел поради нередите на неговите навивачи на реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа во гости против Салцбург минатиот четврток.

Базел првиот натпревар од четврт-финалето на тоа натпреварување, на трети април на домашен терен против Валенсија, ќе го игра без присуство на публика, а казнет е и парично со 107.000 евра.
На швајцарскиот клуб изречена му е и условна казна за затворање на стадионот уште на еден натпревар во случај на повторување на навивачките инциденти во наредните две години.
На натпреварот во Салцбург навивачите на Базел фрлаа пиротехнички средства на теренот и предизвикаа прекин на средбата, а подоцна се судрија со полицијата.
Базел го доби натпреварот со 2-1 и се пласира во четврт-финалето на Лигата на Европа, откако првата средба заврши без голови (0-0).

Најнови вести