Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2014

Олстар-спектакл во знакот на Истокот

По пауза од три години, најатрактивниот кошаркарски натпревар ѝ припадна на Источната конференција, која по заостанувањето од 18 поени, успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. Признанието МВР му припадна на Кајри Ирвинг.

Најголемите ѕвезди на НБА-лигата во Њу Орлеанс одиграа екстра ефикасен натпревар, постигнаа 318 поени и со тоа го срушија рекордот д 303 кошеви кој беше поставен пред 27 години.
Кошаркарите на Западната конференција предводени од Леброн Џејмс во третата четвртина имаа предност од 18 поени, која се покажа достижна најмногу благодарение на Кајри Ирвинг, кој само во второто полувреме постигна 24 поени.
Кошаркарот на Кливленд сосема заслужено го доби признанието најдобар играч на натпреварот, тој на крајот имаше учинок од 31 поен, 14 асистенции и пет скокови.
На овој Олстар-викенд имаше и нов рекорд по бројот на постигнати тројки. Кармело Ентони, играчот на Њујорк никс, постигна дури осум тројки, а на крајот на средбата на контото имаше дури 30 поени.
Одлични партии одиграа и кошаркарите од Западната конференција Блејк Грифин и Кевин Дурант, кои постигнаа по 38 поени и беа блиску до остварување нов рекорд, но не успеаја да го стигнат легендарниот Вилт Чембрлен, кој има постигнато 42 кошеви на овој натпревар.
Леброн Џејмс постигна 22 поени, седум скокови и седум асистенции, додека Пол Џорџ оствари учинок од 18 поени. Стефан Кари имаше учинок дабл-дабл со 12 поени и 11 асистенции, а Крис Пол постигна 11 поени и 13 асистенции.