Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2016

Леброн и Ирвинг ги победија Вориорс за 2-1

Третиот натпревар од НБА финалето меѓу Кливленд и Голден стејт беше одигран синоќа во Охајо, а славеа домаќините со резултат 120:90 и така ја намалија предноста на шампионот на 2-1.

Кливленд фуриозно го започна натпреварот и само три минути игра беа доволни да отидат на +10 поени предност. 
Кајри Ирвинг беше најдобар играч на теренот, првата четвртина ја заврши со 16 поени, онолку колку што постигна целиот тим од Калифорнија. 
Стефен Кари по првата четвртина имаше нула поени и два фаула, а Клеј Томпсон го повреди коленото и го напушти теренот. Резултатот беше 33:16 за домаќините од Кливленд.
На полувремето домќинот замина со резултат 51:43. Ирвинг беше првото име на средбата со 19 поени, Леброн Џејмс додаде 11, а гостите ги предводеа Барнс и Томпсон со по 10 кошеви.
Во третата четвртина актуелниот шампион неколку пати имаше шанси да го поправи резултатот, но направи неколку неверојатни грешки во нападот кои домаќините ги искористија.
Последната четвртина Кливленд ја започнаа со +20 поени (86:69) и беше јасно дека нема враќање за тимот од Оукленд.
Џејмс натпреварот го заврши со 32 поени, Ирвинг со 30, Џеј Ар Смит додаде 20 поени, а тимот на Голден стејт го предводеше Кари со 19, додека Барнс остана на 18 поени.
Следниот натпревар е на програмата вечерта меѓу петок и сабота во 03:00 часот.

Најнови вести