Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2013

Старт на новата НБА сезона: Ќе продоли ли Леброн по старо?

Може ли некој да ги запре Леброн Џејмс и Мајами хит на патот кон третата последователна титула? Тоа е единственото прашање на кое се бара одговор пред новата сезона на НБА.

Во игра се неколку тимови кои се уверени дека се способни да го направат тоа, пред сите, Чикако булс со закрепнатиот Дерик Роуз, како и Оклахома Сити тандерс.
Нов играч е и тимот на Бруклин нетс, со легендите Пол Пирс и Кевин Гарнет покрај Дерон Вилијамс, додека најголемо засилување на Лос Анџелес клиперс е доаѓањето на тренерот Док Риверс. Не треба да се заборави ниту Хјустон рокитс.
Новата сезона во НБА почнува оваа ноќ. Премиера од 01.00 часот по полноќ ќе има во Индијана, каде што Пејсерс го дочекуваат Орландо меџик, а потоа следуваат два извонредни меча на премиерата.
Од 02.00 часот Мајами хит одбраната на титулата ја почнува против главниот предизвикувач Чикаго булс, а еден час подоцна стартува битката за Лос Анџелес, Лејкерс ќе бидат домаќини на Клиперс во заедничкиот „Стејплс центар“.

Најнови вести