Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2013

Ерсун Јанал на клупата на Фенербахче

Турскиот стручњак Ерсун Јанал е нов тренер на Фенербахче, објави вчера клубот од Истанбул.

На клупата на актуелниот турски вицешампион Јанал ќе го замени Ајкут Коџоман кој поднесе оставка на крајот на минатата сезона.
Јанал од април 2004 до мај 2005 година беше селектор на турската репрезентација, а во тренерската кариера ги водеше Денизли, Анкарагучу, Генчлербирлиги, Маниса, Трабзон и последните две сезони Ескишехир.
Со Фенербахче потпиша едногодишен договор и тоа неколку денови откако УЕФА го исфрли клубот од европските натпреварувања на две години поради местење натпревари.

Најнови вести