Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2013

Са Пинто поднесе оставка, Црвена ѕвезда без тренер

Португалскиот стручњак Рикардо са Пинто одржа состанок со играчите во текот на утринскиот тренинг и им соопшти дека веќе нема да биде тренер на „црвено-белите“.

Во текот на денот Ѕвезда и официјално ќе објави дека е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.
Португалецот во понеделникот на почетокот на подготовките призна дека е незадоволен од состојбата која ја затекна по враќањето од одмор и со фактот дека не се знае со каков тим „црвено-белите“ ќе влезат во новата сезона.
Са Пинто во Црвена ѕвезда дојде во март, како наследник на Александар Јанковиќ, во моментот кога екипата заостануваше 11 бодови зад Партизан.
За кратко време ја стабилизира играта, извојува осум победи по ред и дојде само на два бода заостанување во однос на вечниот ривал. Сепак, на 18-ти мај во вечното дерби Ѕвезда изгуби од Партизан со 1-0 и шеста година по ред остана без државната шампионска титула.
Пред „црвено-белите“ Са Пинто го тренираше Спортинг од Лисабон.

Најнови вести