Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2013

Кристал палас последен патник во Премиер лигата

Во бараж-натпреварот на „Вембли“ за влез во Премиер лигата екипата на Кристал палас го победи Ватфорд со 1-0 по продолженијата.

Фаворизираната екипа на Ватфорд, која од клупата ја предводи легендарниот фудбалер Џанфранко Ѕола, не успеа да се пласира во највисокиот ранг на англискиот фудбал.
Победата на екипата на Јан Холовеј ѝ ја донесе искусниот Кевин Филипс од пенал, кој го направи Марко Касети над Вилфред Заха. Филипс во јули ќе наполни 40 години.
По овој натпревар, веќе се знаат сите учесници во Премиер лигата за сезоната 2013/14.
Ватфорд имаше шанса во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Шампионат лигата да се пласира во елитното натпреварување. Тогаш, по возбудливата завршница, остана без промоција. Сепак, Хал беше тимот кој, покрај Кардиф, влезе во Премиер лигата.

Најнови вести