Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2013

Балотели: Следниот пат по навредите ќе го напуштам теренот

Марио Балотели, фудбалерот на италијанскиот фудбалски клуб Милан, вчера рече дека следниот пат кога навивачите ќе го навредуваат на расна основа, ќе излезе од теренот.

Во неделата навивачите на Рома го навредуваа Балотели, а поради тоа реагираше и првиот човек на Светската фудбалска федерација, Сеп Блатер, кој побара остри казни од Италијанскиот фудбалски сојуз.
Рома поради ваквото однесување на дел од своите навивачи е казнета со 50.000 евра.
„Претходно зборував дека нема да се потресам во слични ситуации. Сепак, сега го сменив мислењето. Ако уште еднаш се случи вакво нешто, ќе излезам од теренот“, изјави Балотели за италијанските медиуми.
Пред него уште еден играч на Милан, Кевин-Принс Боатенг, беше навредуван на расна основа, и тоа на пријателски натпревар со еден италијански нисколигаш.
„Разговарав со Принс и малку ми недостасуваше минатата недела да постапам како него, да се случеше такво нешто, веројатно, поради навреда противникот би бил казнет, ние би добиле официјален резултат 3-0, а тоа не го сакав“, додаде Балотели.

Најнови вести