Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2013

Луческу го продолжи договорот со Шахтар на две сезони

Украинскиот фудбалски клуб Шахтар од Донецк ја продолжи соработката со тренерот Мирчеа Луческу на дополнителни две години.

На „Донбас арената“ на Шахтар вчера се одржа работен состанок меѓу претседателот Ринат Ахметов и романскиот тренер Мирчеа Луческу, кој на крајот беше многу задоволувачки за двете страни.
Луческу, кој на клупата на украинскиот шампион седи од 2004 година, потпиша продолжување на дополнителни две, иако се споменуваше и можно заминување на крајот на сезоната.
„Кога разговаравме околу новиот договор, парите воопшто не ни беа фактор. Ниту мене ниту на Мирчеа. Мене само ме интересираше дали оваа екипа го достигна својот максимум или сè уште има место за напредок“ им изјави на новинарите по состанокот претседателот на клубот, а потоа се надоврза Луческу.
„Ги сакам нашите навивачи. Ги сакам своите играчи. Верувам во своите помошници. Верувам дека со здружени сили можеме да достигнеме нови височини и да направиме чекор повеќе, пред сè во Европа“, изјави Романецот.

Најнови вести