Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Ништо од Барселона, Срна од Шахтар во пензија

Дарио Срна, капитенот на Шахтар, потпиша нов едногодишен договор и одлучил потоа да ја заврши кариерата во клубот од Донецк.

Рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата на Хрватска (134) и за Шахтар (521) потписот на новата соработка го стави токму на неговиот 35-ти роденден и со тоа ги прекина шпекулациите дека би можело да направи трансфер во Барселона.
„Многу сум среќен, сакам кариерата да ја завршам во Шахтар. Сите знаат дека ме сакаше Барселона, но моето срце е во Шахтар. Имавме тежок период (поради вооружените судири), но не сакав да се откажам будејќи чувствувам голема одговорност“, изјави Срна за клупската интернет-страница.
Срна е член на Шахтар 14 години, откако направи трансфер од сплитскиот Хајдук, и за тоа време освои девет шампионски титули на Украина и е на добар пат да стигне до десет бидејќи „рударите“ имаат 14 бодови повеќе од Динамо Киев.
Беше е еден од столбовите на тимот во одличните резултати на Шахтар во Лигата на шампионите и во Купот на УЕФА, чиј трофеј го подигна во 2009 година.

Најнови вести