Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

По 12 години Луческу од Шахтар во Зенит

Досегашниот тренер на Шахтар од Донецк Мирчеа Луческу потпиша двегодишен договор со Зенит, соопшти клубот од Русија.

Луческу на клупата ќе го замени Андре Вилаш-Боаш кој со Зенит оваа сезона го зазема третото место на табелата, но не се пласираше во квалификациите за Лигата на шампионите, туку во групната фаза во Лигата на Европа.
Тренерот од Романија 12 години го предводеше Шахтар Донецк и освои осум шампионски титули во Украина и Купот на УЕФА во 2009 година.
Луческу оваа сезона со Шахтар го освои Купот на Украина, а првенството го заврши на второто место веднаш зад Динамо Киев, а пак во текот на кариерата ја предводеше репрезентацијата на Романија, Галатасарај, Интер и Рапид Букурешт.

Најнови вести