Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2013

Са Пинто нов тренер на Црвена ѕвезда

Португалецот Рикардо Са Пинто е нов тренер на Црвена ѕвезда, потврдено е во фудбалскиот клуб од Белград.

Са Пинто на клупата ќе го замени Александар Јанковиќ, кој вчера договорно ја раскина соработката ос „црвено-белите“.
Са Пинто беше помошен тренер на Леирија во сезоната 2010/11, а самостојно ја водеше екипата на Спортинг, каде што во октомври минатата година беше отпуштен поради серијата лоши резултати.
Португалецот со „црвено-белите“ потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за негово продолжување во текот на летото.
Во текот на кариерата играше за Салгеирош, Спортинг, Реал Сосиедад, Стандард Лиеж. Од 1994 до 2001 година одигра 45 натпревари за репрезентацијата на Португалија и постигна девет голови.
Ѕвезда по поразот во неделата од Раднички во Ниш заостанува зад лидерот Партизан со 11 бодови.
Зоран Стојадиновиќ, спортскиот директор на Црвена ѕвезда, изјави дека новиот тренер ќе биде плаќан од донации, што значи надвор од клупската каса.

Најнови вести