Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2012

Коста нов тренер на АЕЛ

АЕЛ Лимасол, шампионот на Кипар, за нов тренер го ангажира Португалецот Жорже Коста.

Коста го замени вчера сменетиот Кипранец Памбос Христодулу, кој минатата сезона го доведе АЕЛ на местото шампион на Кипар, прв пат по 1968 година.
Жорже Коста од 2006 до 2007 година беше асистент во Брага, а во 2007 година нејзин тренер. Потоа од 2008 до 2010 година го водеше Олјаненсе, а во 2010 година беше тренер на Академика.
Со АЕЛ Лимасол утре го чека првиот натпревар во Лигата на Европа против Фенербахче.
Фенербахче и Марсеј по две одиграни кола водат во групата Ц со по четири бодови, додека АЕЛ и Менхенгладбах имаат по еден бод.

Најнови вести