Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2012

Џенова му даде отказ на Де Канио, Дел Нери нов тренер

Италијанскиот фудбалски прволигаш Џенова го смени Луиџи де Канио од должноста тренер еден ден по домашниот првенствен пораз од Рома со 4-2.

Во тој натпревар Џенова по 15 минути водеше со 2-0, но на крајот остана без ништо. Цената ја плати 55-годишниот Де Канио, кој водењето на екипата го презеде во април оваа година, кога го наследи Алберто Малезани. Минатата сезона со екипата избори останување во Серија А, а оваа во осум одработени кола Џенова под негово водство освои девет бодови и го држи десеттото место на табелата.
Енрико Прециози, претседателот на клубот, за италијанските медиуми рече дека Џенова се договори со 62-годишниот Луиџи Делнери за преземање на клупата.
Делнери е тренер со искуство од работата во бројни клубови. Последните години ги водеше Рома, Палермо, Киево, Аталанта, Сампдорија и Јувентус во сезоната 2010/11, што му беше и последен тренерски ангажман.

Најнови вести