Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2012

Мајорка остана без Жоао Виктор до крајот на сезоната

Серијата со повредени играчи продолжи за шпанскиот фудбалски прволигаш Мајорка. Жоао Виктор, најверојатно, ја заврши својата сезона поради повреда на коленото.

Виктор во домашниот пораз од Гранада (2-1) ги повреди предните вкрстени лигаменти на десното колено, па во наредните неколку денови ќе му биде извршен оперативен зафат, по што следува рехабилитација и до седум месеци. Операцијата ќе му биде извршена во Барселона.
Ова е само уште една во низата повреди кои во последно време ја погодија Мајорка. Хави Мартинес го повреди глуждот, Нунес менискусот на десното колено, а Антонио Лопес го истегна менискусот на левото колено.

Најнови вести