Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2013

Дос Сантос се пресели во Вилјареал

Мексиканскиот репрезентативец Џовани дос Сантос потпиша четиригодишен договор со шпанскиот прволигаш Вилјареал.

Дваесет и четиригодишниот Дос Сантос во повратникот во елитното шпанско друштво доаѓа по само една сезона помината во Мајорка каде постигна шест голови на 32 натпревари.
„Многу сум среќен што го направив овој чекор во кариерата и што ќе играм за Вилјареал, одличен клуб на кој за малку ќе му се приклучев минатата сезоната, но за несреќа тоа не се случи затоа што испаднаа во Втората лига во последното коло. Уверен сум дека ќе имаме одлична сезона“, изјави Дос Сантос кој кариерата ја почна во Барселона, а во 2008 година пристигна во Тотенхем кој потоа го испраќаше на позајмица во Ипсвич, Галатасарај и Расинг Сантандер.
Во дресот на мексиканската репрезентација Дос Сантос досега има 68 настапи и 14 постигнати голови.

Најнови вести