Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Роналдо и Бејл подготвени за Вилјареал

Кристијано Роналдо и Герет Бејл се вратија на тренинзите со првиот тим на Реал Мадрид.

Португалецот и Велшанецот го пропуштија гостувањето на кралскиот клуб во Барселона минатиот викенд.
Роналдо по настапот за репрезентацијата на почетокот на месецот, се пожали на повреда на коленото, додека Бејл имаше проблеми со колкот по настапот во Лигата на шампионите минатата недела.
Реал сепак и без своите две најголеми ѕвезди го совлада Еспањол со 2-0, со головите на Карим Бензема и Џејмс Родригес.
Најскапиот тандем на светот би требало да биде подготвен за утрешниот натпревар со Вилјареал на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал е лидер на Примера лигата со максимални 12 бодови од првите четири кола, има три повеќе од Барселона и од изненадувањето на сезоната, Лас Палмас.

Најнови вести