Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Најневеројатното претставување: Магионичар го врати Казорла во Шпанија

Досегашниот играч на Арсенал повторно е дел од „жолтата подморница“

Санти Казорла повторно ќе игра во Шпанија и тоа во тимот на Вилјареал. Шпанскиот репрезентативец повторно ќе го носи дресот на „жолтата подморница“ за која играше во периодот од 2003 до 2006, а потоа и од 2007 до 2011 година. 
Новото враќање на Казорла во клубот беше на спектакуларен начин. Промоцијата која се случи на стадионот беше нешто што досега никој не го направил. Челниците на Вилјареал повикаа магионичар, кој направи вистинско шоу. 
На средина од теренот имаше поставено празна капсула на која беше амблемот на Вилјареал. Магионичарот ја затвори капсулата, направи во нејзе внатре да се создаде дим, а потоа таму се појави Казорла. 
Едноставно со еден магичен трик, Казорла се појави пред навивачите кои воодушевени аплаудираа на начинот на кој во тимот се врати нивниот поранешен миленик. Искусниот 33-годишен играч од средниот ред треба да биде вистинско засилување за екипата во битката во Примера дивисион. 


Најнови вести