Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2017

Вилјареал го продаде Солдадо на Фенербахче

Поранешниот репрезентативец на Шпанија Роберто Солдадо прејде од Вилјареал во Фенербахче, објави клубот од Истанбул.

Искусниот триесет и двегодишен фудбалер по лекарските прегледи потпиша договор со Фенербахче во трансфер вреден пет милиони евра.
Солдадо последните две сезони го носеше дресот на „жолтата подморница“ и постигна само девет голови, но имаше тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.
Потекнува од Реал Мадрид, но не доби шанса во „кралскиот клуб“, па афирмација стекна во Осасуна, Хетафе и Валенсија од каде пред четири години прејде во Тотенхем за 30 милиони евра.
За репрезентацијата на Шпанија постигна 7 голови на 12 настапи.
Ова е сериозно засилување за Фенербахче кој следниот четврток му гостува на Вардар во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа.

Најнови вести