Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2015

Риера ќе игра за словенечки Заврч

Поранешниот репрезентативец на Шпанија, Алберт Риера, кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот прволигаш Заврч.

Риера во текот на кариерата играше за Манчестер сити, Олимпијакос, Ливерпул и Галатасарај, а сега ќе се проба и во словенечката лига за многу помалку пари отколку што заработувал порано, затоа што во Заврч ќе игра за 2000 евра месечно.
„Подготвен сум да дадам сè за да бидеме успешни. Мислам дека можам да им бидам пример на младите. Верувам дека можеме да бележиме големи резултати“, изјави Риера за словенечките медиуми кои наведуваат дека Риера и покрај малата плата ќе биде најплатен играч во тимот.
Триесет и тригодишниот крилен напаѓач во Заврч доаѓа од Мајорка каде помина само три месеци.
Риера за репрезентацијата на Шпанија одигра 16 натпревари, а беше член на составот кој во 2009 година го освои третото место на Купот на конфедерациите.
Во кариерата играше уште и за Еспањол, Бордо, Ватфорд и Удинезе.

Најнови вести