Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2012

Лаудруп и официјално тренер на Свонси

Михаел Лаудруп, некогашниот дански репрезентативец, е новиот менаџер на Свонси, потврдија од клубот и додадоа дека тој потпишал двегодишен договор.

На клупата на велшкиот клуб четириесет и седумгодишниот стратег ќе го наследи Брендан Роџерс, кој пред еден месец ја презеде диригентската палка во Ливерпул.
Лаудруп во својата играчка кариера освои пет титули во шпанската лига со Барселона и Реал Мадрид, беше еден од најдобрите во својата генерација, а тренерската кариера ја почна во 2000 година како помошник тренер на репрезентацијата на Данска.
Потоа, тој работеше како главен тренер во Брондби, Хетафе, Спартак Москва и Мајорка, која ја напушти на крајот од изминатата сезона.

Најнови вести