Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

Енрике: Титула за навивачите

Тренерот на Барселона Луис Енрике изјави дека титулата им ја посветува на навивачите.

Каталонците со триумфот од 3-0 над Гранада на гостински терен го обезбедија трофејот, а на прашањето дали ќе се придружи на славењето, Енрике одговори:
„Јас сум досаден, но изгледа дека ќе морам да се променам по 46 години. Ќе се сетам најпрво на оние кои нè поддржуваа кога беше тешко, големо задоволство е да им се посвети оваа титула на навивачите“.
„Многу добро изгледавме, на 0-0 моравме да ризикуваме, а потоа продолживме да напаѓаме и да ја притискаме топката“, изјави Енрике и додаде:
„Во текот на целата сезона игравме на високо ниво, ова е награда за константностa. Успеавме да ги поминеме сите тешкотии и сега е време за славење, а потоа ќе одиме кон новиот трофеј во недела“.
По 24-тата титула како првак на Шпанија, Барселона во натпреварот со Севилја по 28-ми пат ќе се обиде да го освои Кралскиот куп.

Најнови вести