Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2016

Гилјермо Очоа претставен во Гранада

Мексиканскиот голман Гилјермо Очоа e претставен како новиот чувар на мрежата na шпанскиот прволигаш Гранада.

Како нов играч покрај Очоа беше претставен и дефанзивниот играч Габриел Силва.
Голманот за кого многу се пишуваше по Светското првенство во Бразил изрази задоволство што токму Гранада е неговиот нов клуб и потенцираше дека дошол таму каде што чувствува дека е сакан и дека навистина верува во проектот кој клубот сака да го спроведе во дело на теренот.
Очоа изјави дека е многу задоволен што ќе игра во Шпанија, но и дека смета дека сега е „во најдобрите години за голман“.
Мексиканецот во Гранада пристигна по сезоната помината во Малага.

Најнови вести