Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2016

Енрике: Не може секогаш убаво и лесно

Луис Енрике, тренерот на Барселона, не им забележува на своите играчи за отсуството на атрактивност во победата над Гранада во саботата.

Каталонците со минимален резултат го совладаа последнопласираниот тим во лигата, со „ножиците“ на Рафиња на почетокот на второто полувреме.
„Ни недостасуваше свежина, а секогаш е тешко против тим кој се брани со сите десет играчи. Задоволен сум со трите бода, иако не беше наш најдобар ден. Видов тим со вистински став за победа и зрелост за приведување на натпреварот до самиот крај. Би сакал да ги добиевме лесно, но не може секогаш така“, изјави Енрике.
Барселона е втора во Примера лигата со два бода помалку од лидерот Реал, а утре гостува кај Манчестер сити во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Најнови вести