Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2014

Алжирецот Брахими нов играч на Порто

Алжирскиот фудбалски репрезентативец Јасин Брахими денес од Гранада направи трансфер во екипата на Порто и потпиша петгодишен договор.

Тој во текот на овој период ќе заработи околу 6,5 милиони евра, а клубот којшто ќе сака да го откупи неговиот договор од Порто, ќе мора да плати 50 милиони евра.
Брахими досега за селекцијата на Алжир одигра седум натпревари и постигна еден гол, и тоа на Мундијалот, на натпреварот со Јужна Кореја (4-2).
Покрај Гранада, Брахими, кој пред 24 години е роден во Франција, играше и за Клермон и Рен.


Најнови вести