Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2012

Бо Мекејлеб потпиша за Фенербахче

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ја напушти Италија и се врати во Турција, каде што ја почна европската кариера во 2008 година.

Извонредниот бек на македонската репрезентација го засили Фенербахче, во кој дојде од Сиена за 1,3 милиони евра. Годишно би требало да заработува 1,6 милиони евра.
Мекејлеб ја одби понудата на Уникс, а покрај него, во Фенербахче од Сиена по Олимписките игри може да дојде и Американецот Дејвид Андерсен.
Мекејлеб студираше на колеџот Њу Орлеанс, а во Европа дојде во 2008 година, кога настапуваше за Мерсин, а се истакна во сезоната 2009/10, кога го предводеше Партизан до Фајнал фор во Париз.
Последните две години играше за Монтепаски, а во Сиена минатата сезона имаше просек од 16,9 поени со 2,6 асистенции и 2,2 скокови на натпревар. Минатото Европско првенство беше наш најдобар кошаркар и ја предводеше Македонија до четвртото место на европскиот самит во Литванија.
Фенербахче следната сезона во Лигата на Европа ќе игра во групата А со Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки, Унион Олимпија и еден квалификант.

Најнови вести