Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2012

Вердер и овој викенд без првиот голман

Вердер Бремен, и во саботниот натпревар во склоп на дваесет и седмото коло од Бундеслигата, против Аугсбург, ќе биде лишен од услугите на првиот голман, Тим Визе.

Резервниот чувар на мрежата на репрезентацијата на Германија, сеуште не се опоравил од скршеницата на јаболчната коска, со која се здоби на тренинагот пред недела дена, а поради тоа, мораше да го пропушти и гостувањето кај актуелниот шампион и лидер на табелата Дортмунд, а нема да стои меѓу стативите ниту во саботниот натпревар на домашен терен против Аугсбург.

Тренерот Томас Шаф, за овој натпревар исто така нема да може да смета ниту на одбранбениот играч Себастијан Продл, кој има проблеми со бутниот мускул на левата нога, како и на напаѓачот Марко Арнаутовиќ, кој има истегнување на лигаментот на десното колено.

Сепак, во составот се враќа Марко Марин, кој не настапи на минатонеделниот пораз од Дортмунд, поради повреда.

Најнови вести