Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2012

Росицки го продолжи договорот

Од Арсенал потврдија дека успеале да се договорат за продолжувањето на договорот со чешкиот репрезентативец Томаш Росицки.

Играчот за врска реши да остане верен на „топчиите“ во време кога ужива во својата добра форма и сè поголемата инволвираност во тимот, како и двата постигнати гола на последните три меча, против Тотенхем и Милан.
Росицки во Арсенал дојде во 2006 година од редовите на Борусија Дортмунд и оттогаш настапи на 156 натпревари за тимот на Арсен Венгер, постигнувајќи вкупно деветнаесет погодоци. Сезонава тој дваесет и осум пати играше за „топчиите“, а за својата екипа има главна улога во средината на теренот.
Триесет и едногодишниот фудбалер за чешката репрезентација настапи на 85 натпревари, претставувајќи ја на Европските првенства во 2000 и 2004 година, а како капитен со Чешка настапи и на Светското првенство во Германија во 2006 година.

Најнови вести