Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2012

Хавиер Клементе нов тренер на Спортинг Хихон

Легендарниот Хавиер Клементе е нов тренер на шпанскиот фудбалски клуб Спортинг Хихон до крајот на сезоната, а примарна цел му е да го сочува прволигашкиот статус на клубот.

Спортинг Хихон моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата на Премиер лигата со шест бодови зад последното, кое води во понизок ранг на шпанскиот фудбал.
Клементе на клупата на Спортинг го наследи Инаки Техада, а ова му е дури деветти клуб во шпанската лига што ќе го води како тренер. Пред екипата на Хихон, Шпанецот беше тренер на: Атлетик, Еспањол, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Тенерифе, Мурсија и Валјадолид.
Со двата последни клуба имаше иста задача како со Спортинг, но не успеа да ги одржи во прволигашката елита.

Најнови вести