Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Теренот е виновен зошто Барселона синоќа се намачи

Катастрофалната беше состојба на тревата на стадионот на Валјадолид

Малку фалеше Барселона синоќа да киксне на гостувањето кај Валјадолид. Актуелниот шпански првак се радуваше на минимален триумф од 1:0 и тоа благодарение на голот на Дембеле во второто полувреме. 
Во судиското надополнување, Валјадолид даде гол, но судијата го поништи поради офсајд позиција. По завршување на дуелот, играчите на Барселона се жалеа на нерамниот терен, на кои тешко било да се оди, а не па да се игра и да се контролира топката. 
Според фотографијата која ја испратија од Барселона, на повеќе места од игралиштето имало многу нерамнини. 
„Срамота. Постоеше голем ризик некој од играчите да се повреди. Челниците на федерацијата сакаат да играме во САД, но прво треба да решат некои работи во Шпанија. Ова е недозволиво“, револтирано коментираше дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике. 
Теренот беше ужасен, но да е ситуацијата потрагична, се работи за нов терен кој бил поставен само неколку дена пред средбата. 
„Неверојатно на што личеше теренот. Тоа и не ме изненадува, бидејќи пред само четири дена била поставена нова трева. Сите знаат дека теренот не може да биде во ред, ако пред неколку дена е поставена тревата. Како можел некој да дозволи да играме на вакво нешто?“, се прашуваше тренерот на каталонците, Ернесто Валверде. 

 

Најнови вести