Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

„Ел Феномено“ го купува шпански Валјадолид за 30 милиони евра

Поранешниот бразилски голгетер влегува во водите на фудбалскиот бизнис

Поранешниот голгегер на Бразил и Реал Мадрид, Луис Назарио Роналдо, е во преговори да го откупи шпанскиот  прволигаш Валјадолид. 

Како што известуваат шпанските медиуми, популарниот „Ел Феномено“ ќе ги отпуки акциите во вредност од 30 милиони евра, и така ќе го исплати долгот со кој клубот се соочува. Трикратниот најдобар фудбалер во светот во следните две до три недели ќе стане претседател на Валјадолид, додека сегашниот претседател Карлос Суарез и натаму ќе остане функционер на клубот.

Четириесет и едногодишниот пред неколку месеци посочи дека има желба да поседува фудбалски клуб Англија или Шпанија, а неговата идеја набрзо ќе се реализира.

 

Најнови вести