Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Ми помогна тоа што не ја освоив Лигата на шампионите

Бразилскиот Роналдо смета дека станал подобар играч со тоа што никогаш не го освоил еден од најценетите трофеи во светот на фудбалот

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Бразилецот Роналдо, вели дека е презадоволен од постигнатото во неговата играчка кариера, иако во неговата колекција на трофеи го нема оној од Лигата на шампионите. 

„Немам проблем со тоа што не освоив ЛШ. Тоа само ме мотивираше во годините и ме направи подобар фудбалер. Многу сум задоволен од постигнатото во кариерата“ – вели Роналдо.

Роналдо играше и за Реал и Барса, па неизбежна тема беа и овие гиганти и актуелната ситуација кај нив.

„Не мислам дека Реал сега е послаб отколку што беше со Кристијано. Ако играат тимски, нема да има проблем. Тоа е клуб со голема традиција и секогаш е фаворит, исто и Барса. Англиските екипи се засилија, но не се на нивото на Реал и Барселона. ПСЖ има силен тим, но за титулата во ЛШ потребни им се уште играчи. Мбапе има голем потенцијал, но не знам дали потсетува на мене. И јас веќе не се саќавам како играв“, се шегува некогашниот феномен.