Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2011

Дел Орно потпиша за Леванте

Поранешниот шпански репрезентативец, триесетгодишниот лев бек, Асиер дел Орно, потпиша едногодишен договор со Леванте.

Во тој клуб дел Орно играше и минатата сезона, но како позајмен играч од Валенсија. Бидејќи договорот со Валенсија му истече, тој за Леванте потпиша како слободен играч.

Дел Орно, кој за репрезентацијата на Шпанија забележа десет настапа, во 2005 година, настапуваше и за Челзи, а потоа беше под договор со Валенсија. Но во тој период играше за три клуба како позајмен фудбалер и тоа за, Атлетик Билбао, Валјадолид и Леванте.

Најнови вести