Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2013

Виланова го одработи првиот тренинг по емотивната средба со Абидал

Тито Виланова, тренерот на Барселона, вчера утрото се врати во тренинг-центарот „Камп ноу“, но не им се приклучи на неколкуте играчи на теренот коишто го одработуваа утринскиот тренинг. Сепак, вечерта Виланова ги облече тренерките и копачките и го одработи првиот тренинг по новата операција на туморот.

На Виланова на 20-ти декември минатата година му беше извршена операција на туморот на паротидната жлезда. Два дена подоцна беше пуштен од болницата, но продолжи со третмани на хемотерапија и зрачење. И покрај тоа, 44-годишниот стручњак сака да работи, па иако претходно беше најавено дека на клупата ќе се врати за две до три седмици, судејќи според сè, тоа ќе се случи и порано.
Виланова на воодушевување на сите во текот на загревањето дојде на теренот, а прв во прегратка му притрча францускиот фудбалер Ерик Абидал, кој по трансплантацијата на црниот дроб (во април 2012 година) се врати на тренинзите само еден ден пред повторно да му биде дијагностициран тумор на Виланова.
Против Валјадолид во 17-тото коло Барселона ја водеше помошникот на Виланова, Хорди Роура, кој ќе биде на кормилото и против Еспањол претстојниов викенд, ако првиот тренер сепак одлучи да го пропушти дуелот.

Најнови вести