Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2012

Даниел Ларсон ново засилување на Валјадолид

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валјадолид потпиша со Даниел Ларсон, 25-годишниот шведски напаѓач, кој во клубот доаѓа како слободен играч без оштета од Малме.

„Фантастично е за мене што отидов во странство, и тоа во една од најдобрите лиги на светот. Шпанија е добро место за живот. Валјадолид е нов прволигаш и стартуваше подобро од очекуваното. Имам многу добар впечаток за нив. Кога ќе дојдам таму, едвај чекам да почнам со тренинзите, но не смеам да играм до јануари“, рече Ларсон, кој потпиша тригодишен договор.
На Ларсон Валјадолид ќе му биде трет различен клуб во кариерата, по Хекен и Малме. За шведската репрезентација од 2010 година одигра пет натпревари.

Најнови вести