Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2015

Макаби во Лигата на шампионите, се пласира Динамо, испадна Селтик

Валенсија, Шахтар и Динамо Загреб очекувано се пласираа во Лигата на шампионите, додека изненадувачки пласман во елитата изборија Макаби Тел Авив и Малме.

Шпанците го елиминираа Монако, којшто со 2-1 на домашен терен не успеа да го надополни поразот од 3-1 од „Месталја“. Шахтар ремизираше со Рапид со 2-2, но се пласира со голот од Виена.
Макаби Тел Авив изненади со головите во гости (2-2), а Малме го шокираше Селтик со 2-0.
Најмалку проблеми имаше Динамо од Загреб, кој и со играч помалку лесно излезе на крај со Скендербег и славеше со 4-1 за двојна победа над Албанците и враќање во Лигата на шампионите по три години.
Поразените тимови, Монако, Базел, Селтик, Рапид Виена и Скендербег, европската сезона ќе ја продолжат во Лигата на Европа. Групната фаза на Лигата на шампионите ќе биде комплетирана вечерва, по реванш-натпреварите во Белград, Бриж, Москва, Леверкузен и Никозија.
Најблиску до елитата е Манчестер јунајтед, додека Партизан, ЦСКА, Баер и АПОЕЛ ќе го бркаат заостанувањето од еден гол од гостувањата.

Лига на шампиони, плејоф:
Динамо Загреб – Скендербег 4-1 (прв натпревар 2-1)
Судани 9’, 80’, Хоџиќ 15’, Таравел 55’ – Ескердиња 10’
Макаби Тел Авив – Базел 1-1 (2-2)
Захави 24’ – Зуфи 12’
Малме  - Селтик 2-0 (2-3)
Росенберг 23’, Бојата 55’аг
Монако – Валенсија 2-1 (1-3)
Раџи 18’, Елдерсон 75’ – Негредо 5’
Шахтар – Рапид Виена 2-2 (1-0)
Марлос 10’, Гладкиј 27’ – Шауб 13’, Хофман 23’

Денеска (20.45)
АПОЕЛ – Астана (0-1)
Клуб Бриж – Манчестер јунајтед (1-3)
ЦСКА Москва – Спортинг Лисабон (1-2)
Баер Леверкузен – Лацио (0-1)
Партизан – БАТЕ Борисов (0-1)

Најнови вести