Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2015

Лига на шампиони: Вечер на пресврти

На вчерашните реванши од третото квалификациско коло имаше неколку пресврти, многу возбудувања и неизвесност.

Фудбалерите на Астана се пласираа во плејофот за влез во Лигата на шампионите по драматичната победа на Хелсинки со резултат 4-3. Казахстанскиот претставник по 0-0 во првиот натпревар, губеше со 2-0 во реваншот, но успеа да направи пресврт.
Со голем пресврт до плејофот стигна и ЦСКА од Москва, која гостуваше кај Спарта во Прага, по 2-2 во Москва.
Српскиот шампион Партизан го елиминираше романскиот шампион Стеауа. Иако губеше на полувремето со 1-2, стигна до победа од 4-2 и по 1-1 во Романија во петок ќе го очекува противникот за плејофот.
Шанса за пласман во Лигата на шампионите ќе има и шкотскиот шампион Селтик, кој по минималната победа го сочува резултатот 0-0 во гости против Карабаг.
Белорускиот БАТЕ го помина унгарскиот Хонвед откако во реваншот славеше со 1-0, по 1-1 во Унгарија. Единствениот гол го постигна Јаблонски на осум минути пред крајот на средбата.
Шведскиот Малме успеа да го надополни минусот од два гола од првиот натпревар против Ред Бул.
Заостанувањето од првиот натпревар го надополни и Клуб Бриж против Панатинаикос. Грчкиот тим во првиот натпревар славеше со 2-1, но во реваншот беше 3-0 за Белгијците. Сите три гола беа постигнати во вториот дел.
Пласман лесно обезбеди Базел, кој уште во Полска против Лех го заврши најголемиот дел од работата (3-1). Во реваншот беше 1-0, а единствениот гол го постигна Бјарнасон во последната минута.
Украинскиот Шахтар во дербито на третата рунда го исфрли Фенербахче, откако по 0-0 во Турција, во реваншот славеше со убедливи 3-0.
Херојски до плејофот стигна Макаби, кој во првиот натпревар на домашен терен изгуби од Викторија со 2-1. Во реваншот во Чешка беше 2-0 за гостите, а двата гола ги постигна Зехави.

Квалификации за Лигата на шампионите, трето коло:

Партизан – Стеауа 4-2 (прв натпревар 1-1)
Базел – Лех 1-0 (3-1)
Скендербег – Милсами 2-0 (2-0)
Астана – Хелсинки 4-3 (0-0)
Карабаг – Селтик 0-0 (0-1)
Викторија – Макаби Тел Авив 0-2 (2-1)
БАТЕ – Видеотон 1-0 (1-1)
Малме – Ред Бул 3-0 (0-2)
Клуб Бриж – Панатинаикос 3-0 (1-2)
Спарта – ЦСКА 2-3 (2-2)
Шахтар – Фенербахче 3-0 (0-0)

Вторник:
АПОЕЛ – Митјиланд 0-1 (прв натпревар 2-1)
Молде – Динамо Загреб 3-3 (1-1)
Ајакс – Рапид 2-3 (2-2)
Монако – Јанг бојс 4-0 (3-1)

Најнови вести