Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2012

Камени од Еспањол во Малага

Карлос Камени, камерунскиот 27-годишен фудбалски голман, го комплетира трансферот од Еспањол во Малага, потврди сега веќе неговиот поранешен клуб на својата интернет-страница.

Боите на Еспањол Камени ги бранеше седум и пол сезони, а сега потпиша две и полгодишен договор за Малага. Според шпанските медиуми, камерунскиот голман заминува без оштета, но Еспањол ќе добие пари на својата сметка во зависност од игрите на голманот и пласманот на Малага на крајот на сезоната.
Во редовите на Еспањол, во кој стигна во 2004 година од Ле Авр, Камени својот најголем успех го оствари во 2006 година со освојувањето на Кралскиот куп.
За камерунската репрезентација досега има 63 настапи.

Најнови вести